Monday, December 28, 2015

Среќна Нова 2016 Година

"Учете од минатото, живејте за сегашноста, надевајте се на иднината."

                                                                                                                Алберт Ајнштајн


Thursday, December 10, 2015

Почеток на втората сесија на Работилницата за Природни науки во основно образование

Почитувани,
Како што беше претходно најавено, Друштвото на физичарите на РМ и Природно-математичкиот факултет, Институт за физика, ја организираат втората сесија од Работилницата за предметот Природни науки за прво, второ и трето одделение. На оваа втора сесија ќе бидат разработени темите кои според наставната програма треба да се обработат во второто полугодие. Тоа значи дека на втората сесија може да земат учество и оние кои не ја посетиле првата сесија, а која се одржа во текот на август и септември 2015 година.

Работилницата ќе се одржи во текот на зимскиот распуст и тоа во следниве четири смени:
1. Смена: 11 – 12 јануари 2016
2. Смена: 13 – 14 јануари 2016
3. Смена: 15 – 16 јануари 2016
4. Смена: 20 – 21 јануари 2016
Работата на работилницата ќе се одвива во секој од наведените денови во времето од 10:00 до 16:30 часот. Место на одржување е Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Заинтересираните можат да одберат во која смена сакаат да учествуваат во работата на Работилницата. За таа цел треба да се пополни пријавата која можете да ја симнете ОВДЕ и да ја пратите на е-меил:




Котизацијата за учество на Работилницата изнесува 950 ден. Таа вклучува:
- Предавања, истражувачки активности, практична работа, како и консултации во текот на учебната година,
- Сертификат за учество,
- Материјали,
- Ручек во двата дена и
- Кафе паузи.

Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 05.01.2016 година, на следната сметка:
Друштво на физичарите на Република Македонија
Број на сметката: 300000001043853

Цел на дознака: Работилница, 2. Сесија (име и презиме на учесникот)


Monday, October 5, 2015

Крај на првиот бран работилници

Заврши првиот бран активности на Работилницата за предметот Природни науки за прво, второ и трето одделение, кој беше главно посветен на материјалот од првото полугодие. Низ работилниците поминаа голем број наставници. За жал, со почетокот на учебната година започнаа редовните обврски кон наставата, како на наставниците во основните и средните училишта, така и во високото образование. Поради тоа не можевме да продолжиме со активностите. За жал, останаа уште многу наставници кои сакаа да учествуваат во работата, но поради обврските не успеавме да организираме нови групи.
За нив и сите други заинтересирани ја оставаме можноста да го набават прирачникот од Работилницата. Цената на еден примерок изнесува 250 денари. Износот треба да се уплати на сметката на Друштвото на физичарите:

Назив и седиште на примач: Друштво на физичарите на РМ, Скопје
Број на сметката: 300000001043853
Цел на дознаката: за Прирачник

За да одат работите брзо и да бидат под контрола, добро е да испратите меил со информација за уплатата на . Во рок од 24 часа од појавување на уплатата на сметката, прирачникот ќе ви биде испратен по пошта на адресата која е наведена на уплатницата. Ако адресата на испорака е различна од онаа на уплатницата, тогаш испратете ја точната адреса на испорака на истиот меил:. Поштарината е вклучена во цената. Се разбира, на оние на кои им е полесно да дојдат на Природно-математичкиот факултет, сето тоа можат да го направат и на ПМФ, со претходен договор на меил.

Од денеска па во иднина, на блогов ќе биде поставуван материјалот кој беше презентиран на Работилниците во електронска верзија. Сите тие материјали можете слободно да ги користите за ваша доедукација, како и за активностите со вашите ученици.

Светски ден на учителите

Добриот учител е како свеќа. Се троши себе за да им го осветлува патот на другите.

Од името на обучувачкиот тим на Работилницата, на сите колешки и колеги им го честитам Светскиот ден на учителите.

Tuesday, August 18, 2015

Работилницата во Битола и Прилеп

Работилницата за современа настава Природни науки за прво, второ и трето одделение ќе се одржи во ОУ Св. Климент Охридски во Битола и во ОУ Блаже Конески во Прилеп на 20 и 21. август 2015 година со почеток во 8:30 часот.

Интересот е голем и термините до 28. август се зафатени. Тоа значи дека работата на Работилницата ќе мора да продолжи и во текот на септември. За можноста за организација на Работилницата во текот на септември (работни или викенд денови) ќе бидеме во близок контакт со училиштата и потенцијалните учесници.

Thursday, August 13, 2015

Почеток на Работилницата

Работилницата ја отпочнува својата работа со првата група слушатели.
За учесниците од регионот на Скопје, Богданци, Гевгелија, Дојран и Романовце.

Време на одржување: 18 и 19. август 2015 (вторник и среда), со почеток во 10:00 часот.
Место на одржување: Јахја Кемал Колеџот во Бутел.
Адресата на училиштето: ул. Бутелска б.б.
Мапата со локацијата на училиштето можете да ја видите на
http://www.ykc.edu.mk/en/our-schools/ykc-butel-skopje/contact
За оние кои користат GPS, координатите на училиштето се:
42°01'47.9"N 21°26'27.9"E


Програма на Работилницата



18.08.2015
9:30-10:00 Регистрација

10:00 - 10:45 Природни науки и истражувачки постапки

10:45-11:15 Проблемите во наставата по Природни науки

11:30-13:00 Работа по групи
13:00-13:45 Пауза за ручек

13:45-15:15 Работа по групи
15:15-15:30 Пауза за кафе

15:30-17:00 Работа по групи


19.08.2015
10:00 - 11:30 Работа по групи
11:30-11:45 Пауза за кафе

11:45-13:15 Работа по групи
13:15-14:00 Пауза за ручек

14:00-15:30 Работа по групи
15:30-15:45 Пауза за кафе


15:45-17:15 Работа по групи



Thursday, June 25, 2015

Работилница за современа настава по предметот Природни науки за прво, второ и трето одделение

Природно-математичкиот факултет, во соработка со Друштвото на физичарите на РМ организира

Работилница за современа настава по предметот Природни науки за прво, второ и трето одделение

Работилницата ќе биде реализирана на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во периодот од 17.08-31.08.2015 година, а ќе трае два дена. Во текот на тие два дена ќе бидат обработени теми и активности кои според наставната програма е предвидено да се реализираат претежно во првото полугодие. Планирана е и втора работилница во периодот Јануари 2016, во која ќе биде опфатен останатиот материјал од овој предмет. Предавачи на Работилницата ќе бидат експерти од областа на методиката на наставата по природните науки: проф. д-р Оливер Зајков и доц. д-р Боце Митревски од областа на физиката, доц. д-р Марина Стојановска од областа на хемијата и доц. д-р Катерина Русевска од областа на биологијата.

Прелиминарните резултати од спроведената анкета покажуваат дека еден од најголемите проблеми со кој се сретнуваат наставниците при реализација на оваа настава е недостатокот од средства за експериментирање. Поради тоа, оваа работилница ќе се фокусира на експериментирањето со прирачни средства или она што во светот е познато под терминот домашни експерименти (home experiments). Учесниците на работилницата ќе имаат можност да креираат и изведуваат експерименти и истражувања предвидени со наставните програми по предметот Природни науки.

Котизацијата за учество на работилницата изнесува 950 ден. Таа вклучува:
- предавања, истражувачки активности, практична работа и консултации во текот на учебната година,
- сертификат за учество,
- книга,
- ручек двата дена и
- кафе паузи.

Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 15. август 2015 година, на следнава сметка:

Друштво на физичарите на Република Македонија
Број на сметката: 300000001043853
Цел на дознаката: Работилница (име и презиме на учесникот)

Можно е котизацијата да се уплати и на лице место пред почетокот на Работилницата.

Прелиминарната регистрација на учесниците е до 10. јули 2015 година. Конечната регистрација е до 10. август 2015. Ве молиме да ја извршите прелиминарната регистрација, затоа што таа ќе помогне да се добие приближна бројка на учесници, што од своја страна ќе помогне подобро да се организира Работилницата, на задоволство на сите. За да го подигнете формуларот за регистрација кликнете ОВДЕ или ОВДЕ. Пополнетиот формулар треба да се испрати на раководителот на Работилницата на e-mail адреса:
Постои можност Работилницата да се реализира и во друг град, ако за неа има најмалку 30 пријавени учесници од градот/регионот.

Нешто повеќе за веќе одржаните Работилници изминативе години посветени на наставата по физика во основно и средно образование можете да видите на

http://sovremena-nastava-fizika.blogspot.com/ и на
http://aidafizika.blogspot.com/2014/11/blog-post_7.html.

Thursday, May 7, 2015

Анкета

Почитувани колешки и колеги,
Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), веќе 70 години образува и дообразува наставен кадар за предметите од групата на природно-математичките науки: математика, физика, хемија, биологија и географија, за основно и средно образование. Во изминативе дваесетина години, професорите и асистените од ПМФ земаа учество во редица национални и меѓународни проекти од областа на наставата и методиката на наставата, како што се Проектот за модернизација на образованието, проектите од програмите Phare, Tempus, Erazmus, USAID и многу други. Низ обуките на проектите како што се Е-Школо, Едубунту, Проект за основно образование (ПЕП), серијата Работилници за Современа настава и многу други работилници, беа обучени повеќе од илјада одделенски и предметни наставнници.

Сите активности кои ПМФ ги превзема се базираат на сериозни истражувања и анализи, направени од страна на нашите стручњаци кои работат во полето на методиката на наставата од природните науки, а во интензивна и присна соработка со нашите колеги од основните и средните училишта и нашите друштва и здруженија. Така, се обидуваме максимално, колку е во наша можност, да им помогнеме на нашите колеги во училиштата полесно да ги реализираат целите на наставната програма, а учениците да стекнат поквалитетни и потрајни знаења и вештини.

Со последните измени во основното образование и со воведувањето на предметот Природни науки уште од прво одделение, се појави потреба од ваква соработка и во рамките на овој предмет. Поради тоа отпочнуваме со реализација на едно истражување, кое има за цел да ги открие проблемите кои се јавуваат во наставата на овие предмети и да најде и понуди решенија за тие проблеми. За таа цел, креиравме еден прашалник со кој сакаме да собереме податоци за реализацијата на наставата од предметот Природни науки.

Прашалникот можете да го симнете ОВДЕ. Пополнетиот прашалник испратете го на адреса: zoliver@pmf.ukim.mk најдоцна до 15.05.2015. Така ќе ни овозможите да направиме анализа и до крајот на учебната година да ги објавиме резултатите од анализата на овој блог. Оттука ќе произлезат идеи за можни идни чекори, кои исто така ќе бидат објавени на овој блог.

Ве молиме, за ова истражување и оваа веб страна да ги известите сите колеги кои би биле заинтересирани да земат учество во анкетата.

Искрено се надеваме дека оваа наша соработка ќе биде плодна и долга, на задоволство на сите, а особено на задоволство на учениците.