Марина Стојановска

Доцент, доктор на хемиски науки

Родена e на 8 Септември 1979 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во родниот град. Во учебната 1998/99 година се запишала на студии на Инсти­ту­тот за хе­мија при Природно-математичкиот факултет во Скоп­је. Студиите ги завршила во 2003 година, а ис­та­та го­ди­­на го продол­жила своето школување запишувајќи се на последипломски сту­дии на нас­­тавната на­со­ка на Инсти­ту­тот за хемија при Природно–математичкиот фа­кул­тет во Скопје. Во 2007 година магистрирала на истиот факултет и се здобила со академски степен магистер на хемиски науки - насока методика на наставата по хемија. Во 2013 година по одбрана на докторската дисертација (на ПМФ во Скопје) од областа на методика на наставата по хемија се стекнува со научен назив доктор на хемиски науки.
Во 2005 година е избрана за помлад асистент, а во 2007 за асистент на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Скоп­је. Држела вежби по повеќе предмети од областа на методиката на хемијата, општата и неорганската, физичката и инструменталната хемија за студентите од Институ­тите за хемија и за биологија при Природно-математичкиот факултет и за студен­ти­те од Меди­цин­скиот и Шумарскиот факултет. Освен тоа, учествувала во изведување на лабораториски вежби по хемија за учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, меѓународна матура и „НОВА“.
Досега објавила над 30 труда во домашни и странски спи­санија, а учествувала и на повеќе научни конгреси (во земја­ва и во странство) со осум усни соопштенија или постери.
Била член на организациониот одбор на Петтиот конгрес на студентите по чиста и приме­не­та хемија во 2003 и претседател на организациониот одбор на Деветтиот конгрес на студентите по чиста и приме­не­та хемија во 2011 годи­на. Учествувала, како обучувач, во програмите „Едубунту“ (2009), „Примена на истражувачка постапка во наставата по предметите Природа, Природни науки и Природни науки и техника“ (2010) и „Оценување на знаењата и способностите на учениците со примена на Блумовата таксономија“ (2010). Учествувала во проектот European Chemistry and Chemical Engineering Education Network 2, EC2E2N 2 (2012-2015). Активно е вклучена во активностите поврзани со натпреварите по хемија.



No comments:

Post a Comment