
Доц. д-р Боце Митревски е вработен
на ПМФ во Скопје. Изведувал настава (предавања и вежби) по повеќе предмети за
студенти од ПМФ на студиските групи по физика, математика-физика, биологија,
хемија и на студенти од други факултети. Учествувал во повеќе проекти, посетувал
повеќе предавања, семинари, работилници и школи. Исто така, на таквите
активности бил и предавач, односно обучувач, како на пример: неколку Темпус
проекти, Оценување на знаењата и способностите на учениците со примена на
Блумовата таксономија, Едубунту, Примена на истражувачка постапка во наставата
по предметите природа, природни науки и природни науки и техника, Современа
настава по физика и други. Има објавено повеќе научни и стручни трудови во
домашни и меѓународни списанија, учествувал со усни или постерски презентации
на повеќе од дваесетина научни конференции на теми од областа на образованието
по физика и природни науки.
Постојано е вклучен во активностите
на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), како што се
натпревари по физика, Школа „Млади физичари“, конференции на ДФРМ и сл. Доц.
д-р Боце Митревски од јануари 2015 година е претседател на ДФРМ.
No comments:
Post a Comment