Оливер Зајков

Редовен професор, доктор на физички науки

          Роден е 1960 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршил во Скопје. Дипломирал 1986 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а магистерскиот труд го одбранил 1995 година, исто така на ПМФ.
           Докторската дисертација под наслов „Влијание на хипермедијалните методи за учење врз концептуалното и конвенционалното знаење од механика на средношколските ученици“ ја одбранил 2004 година, со што се стекнал со звање доктор по физички науки.
     Своето образование од областа на методиката на наставата по природни науки го дооформувал низ повеќе посети на универзитетите во Амстердам, Гент, Парма, Нирнберг, Аугсбург, Клагенфурт и други.
         Моментално е вработен е на Природно-математичкиот факултет во Скопје, како редовен професор, каде покрај другите предмети, изведува настава од предметите Методика на школско експериментирање и Примена на компјутерите во наставата за студентите на група физика, наставна насока и за студентите на двопредметните студии математика-физика.
      Тој изведува настава и на вториот циклус студии по методика на наставата по физика и тоа од предметите Методологија на наушноистражувачка работа, Блумова таксономија и Развивање на критичкото мислење.

Други ангажмани
- 2009 година, обучувач на наставниците од средните училишта во РМ за користење на платформата EDUBUNTU во наставата.
- Во текот на 2008 година ангажиран е како водач на тим одговорен за изработка на материјал за обука на наставници во рамките на Проектот за основно образование (ПЕП) во организација на USAID.
- 2006-07 година, во рамките на пректот Е-Школо, обучувач за наставници од основните училишта во РМ за иновативно користење на ИКТ во наставата во основното образование.
- 2006 година, обука за експериментирање со прирачни средства како средство за активно учење за наставниците од основното образование.
- 2006 година, семинар за професорите по физика од средните училишта за примена на стандарден софтвер за изведување експерименти и симулации.
- 2006 година, семинар за професорите по физика од средните училишта за примена на слободен софтвер со отворен код во наставата по физика.
- 2005 година, семинар за професорите по физика од средните училишта за примена на софтверскиот пакет ВИЗИКА.
- 2005 година, семинар за професорите по физика од средните училишта за примена на Oracle iLearning за далечинско учење.

Учество во проекти
- 2012, Fibonacci, FP-7 проект
- 2008, Проект за основно образование, USAID
- 2007, Проект за модернизација на образованието, МОН
- 2006-2007, Е-Школо, USAID
- 2005-2006, Мултијазични веб-базирани курсеви за наставниците од природните науки, Темпус
- 2004-2005, Веб-базирани курсеви за учење за наставниците од природните науки, Темпус
- 2003-2005, Подобрување на квалитетот на наставата во Југоисточна Европа, Темпус
- 2000-2001, Примена на компјутерите во континуираното образование на професорите по физика, Темпус
- 1999-2000, Обука и дообука на професорите по физика од средните училишта, Темпус

     До сега бил ментор на два докторати, осум магистерски и петнаесет дипломски работи, сите од областа на методиката на наставата по физика
         Коавтор е на неколку учебници по физика за средно образование и прирачници за основно и средно образование, преведувач и стручен редактор на неколку универзитетски учебници и автор и презентер на телевизиската серија ТВ Лабораторија.

No comments:

Post a Comment