Thursday, June 25, 2015

Работилница за современа настава по предметот Природни науки за прво, второ и трето одделение

Природно-математичкиот факултет, во соработка со Друштвото на физичарите на РМ организира

Работилница за современа настава по предметот Природни науки за прво, второ и трето одделение

Работилницата ќе биде реализирана на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во периодот од 17.08-31.08.2015 година, а ќе трае два дена. Во текот на тие два дена ќе бидат обработени теми и активности кои според наставната програма е предвидено да се реализираат претежно во првото полугодие. Планирана е и втора работилница во периодот Јануари 2016, во која ќе биде опфатен останатиот материјал од овој предмет. Предавачи на Работилницата ќе бидат експерти од областа на методиката на наставата по природните науки: проф. д-р Оливер Зајков и доц. д-р Боце Митревски од областа на физиката, доц. д-р Марина Стојановска од областа на хемијата и доц. д-р Катерина Русевска од областа на биологијата.

Прелиминарните резултати од спроведената анкета покажуваат дека еден од најголемите проблеми со кој се сретнуваат наставниците при реализација на оваа настава е недостатокот од средства за експериментирање. Поради тоа, оваа работилница ќе се фокусира на експериментирањето со прирачни средства или она што во светот е познато под терминот домашни експерименти (home experiments). Учесниците на работилницата ќе имаат можност да креираат и изведуваат експерименти и истражувања предвидени со наставните програми по предметот Природни науки.

Котизацијата за учество на работилницата изнесува 950 ден. Таа вклучува:
- предавања, истражувачки активности, практична работа и консултации во текот на учебната година,
- сертификат за учество,
- книга,
- ручек двата дена и
- кафе паузи.

Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 15. август 2015 година, на следнава сметка:

Друштво на физичарите на Република Македонија
Број на сметката: 300000001043853
Цел на дознаката: Работилница (име и презиме на учесникот)

Можно е котизацијата да се уплати и на лице место пред почетокот на Работилницата.

Прелиминарната регистрација на учесниците е до 10. јули 2015 година. Конечната регистрација е до 10. август 2015. Ве молиме да ја извршите прелиминарната регистрација, затоа што таа ќе помогне да се добие приближна бројка на учесници, што од своја страна ќе помогне подобро да се организира Работилницата, на задоволство на сите. За да го подигнете формуларот за регистрација кликнете ОВДЕ или ОВДЕ. Пополнетиот формулар треба да се испрати на раководителот на Работилницата на e-mail адреса:
Постои можност Работилницата да се реализира и во друг град, ако за неа има најмалку 30 пријавени учесници од градот/регионот.

Нешто повеќе за веќе одржаните Работилници изминативе години посветени на наставата по физика во основно и средно образование можете да видите на

http://sovremena-nastava-fizika.blogspot.com/ и на
http://aidafizika.blogspot.com/2014/11/blog-post_7.html.