Катерина Русевска

Доцент, доктор на биолошки науки

Родена e 1978 година во Скопје, каде го го завршила основното и средното образование. Во учебната 1997/1998 година се запишала на Природно-математичкиот факултет на Институтот за билогија, наставна насока, а дипломирала во 2003. На постдипломски студии се запишала истата година на Институтот за биологија при ПМФ, на еколошко-таксономската насока. Во 2009 година магистрирала на истиот факултет и се здобила со академски степен магистер на биолошки науки. Во 2014 година по одбрана на докторската дисертација (на ПМФ, УКИМ) се стекнува со научен назив доктор на биолошки науки.
Од учебната 2003/2004 година е вклучена во наставните активности на Институтот за биологија, ангажирана како демонстратор за одржување на практична настава по предметот микологија со лихенологија, а од учебната 2005/2006 година и по предметите методика на наставата по биологија и методика во биологијата со хоспитации. Од 12.2011 година е примена како помлад асистент, а од 07.2014 како асистент на Институтот за биологија, при Природно-математичкиот факултет-Скопје. Од 2015 година е избрана за доцент. Учествува во одржување на наставата по група предмети од областа на методика на наставата по биологија и микологија, како и во изработка на дипломски, магистерски и докторски теми со студентите од Одделението за микологија, под менторство на проф. д-р Митко Караделев. Исто така, учествува и во изведувањето на теренската настава.
Покрај наставните дејности, д-р Русевска учествува и во научни активности. Особено значајни се нејзините учества во теренските и лабораториските активности на три домашни и пет меѓународни проекти од областа микологија, како и во три проекти од областа на методика.
Значајно е да се истакнат студиските престои за научно усовршување: Labo­ratoire des Sciences de la Vigne, Institute Jules Guyot, University de Bourgogne, Франција (октомври-ноември 2010), Лабораторија за молекуларни анализи, Кралска ботаничка градина, Мадрид, Шпанија, (март 2010, мај-јуни 2015), Селџук универзитет, Конја, Турција (јули 2008), Шумарски институт, Љубљана, Словенија (08.2008), Институт „Руѓер Бошковиќ”, Загреб, Хрватска (1-31.3.2007, март 2011), како и учеството во практичната настава од областа на микологијата во Германија (07.-13.9.2008).
Има учествувано на единаесет домашни и интернационални конгреси од областа на микологијата (со 24 презентации), како и на девет семинари и обуки од областа на методиката. Автор или коавтор е на 39 публикации во земјава и во странство.
Учествувала како обучувач, во програмите „Едубунту“ (2009), „Примена на истражувачка постапка во наставата по предметите Природа, Природни науки и Природни науки и техника“ (2010) и „Оценување на знаењата и способностите на учениците со примена на Блумовата таксономија“ (2010). Активно е вклучена во активностите поврзани со натпреварите по биологија за учениците од основните и средните училишта и е член на Државната комисија за натпревари по биологија за учениците од основните и средните училишта (2014, 2015).


Едукатвни проекти

  1. Примена на истражувачка постапка во наставата по предметите Природа, Природни науки и Природни науки и техника, Природно-математички факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј“, Скопје (11.2009-07.2010)
  2. Оценување на знаењата и способностите на учениците со примена на Блумовата таксономија, Природно-математички факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј“, Скопје (11.2009-07.2010)
  3. Учесник-едеукатор во проектот „Едукација на службени лица и изработка на едукативен материјал за препознавање на габите и вишите растенија вклучени во царинскиот тарифник (одлука Д4) на  Република Македонија“ (2007 - 2008)

Работилници и семинари од област на методика

  1. 6th GLOBE Country Coordinator Meeting and Training Session Europe/Eurasia 2010, held in Ohrid, Republic of Macedonia (01-06.06.2010)
  2. Transboundry cooperation for Environmental Education Thessaloniki, Training the trainers in Environmental Education (20.-21.10.2008)
  3. Учесник на обука за обучувачи во рамки на УСАИД Проектот за основно образование (ПЕП), компонента Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, Скопје - Р. Македонија (21-23.08.2008)
  4. Учесник на обука за обучувачи во рамки на УСАИД Проектот за основно образование (ПЕП), компонента Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, Струга - Р. Македонија (16-20.06.2008)
  5. Учесник на обука за образование за социјална правда, втор дел, Охрид - Р. Македонија (25.-27.01.2008)
  6. Учесник на семинарот The School-based Assessment Standards in Primary Education and the Implications for Teacher Education in Macedonia“ (13.-15.12.2007)
  7. Учесник на семинарот „Креативна настава и учење“ - II дел, во рамки на проектот „Со читање и пишување до критичко мислење“, Охрид - Р. Македонија (3-5.06.2007)
  8. Учесник на конференцијата „Предизвиците на наставничката професија“, Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје - Р. Македонија (12-13.04.2007)
  9. Учесник на семинарот „Креативна настава и учење“ - I дел, во рамки на проектот „Со читање и пишување до критичко мислење“, Скопје - Р. Македонија (5-7.02.2007)
  10. Учесник на семинарот „Образование за социјална правда“, Охрид - Р. Македонија (14.-16.2007)


No comments:

Post a Comment