Изјави на учесниците

Со голема почит кон вас. Два работни дена кои придонесоа за збогатување на знаењата и вештините. Поплодна обука за жал до сега не сме имале и нешто вака добро организирано т.с. пренесено од вистински обучувачи. Поздрав.
Наш коментар: Нам ни беше задоволство да работиме со вакви наставници кои имаа страст и шар во работата.

Ми беше задоволство да присуствувам на семинар од ваков тип. Иако јас оваа година сум наставник во V одделение ине сум се сретнала реално со проблемот, ми беше пријатно и корисно. Ние наставниците се среќаваме со многу проблеми во реализацијата на новите програми, па ете ви се заблагодарувам што сте мислеле на нас натавниците, кои со главата удираме во ѕид. Почит до тимот кој најде начин да не собере, праша и помогне на нас обичните "учителки".
Наш коментар: Без вас "обичните" учителки никогаш немаше да имаме необични луѓе како еден Рембрант, Ајнштајн, Личеноски, Тоше... Можеме само да ви заблагодариме за основата која "обичните" учителки ни ја даваат.

Одличен пристап и прилагоденост на возраста.

Воодушевена сум од начинот на пренесување на содржините.

Немам коментар, одлично.

Феноменален и креативен приод за цело време, од првата средба, во текот на целата работилница, па се до крајот.

Во вториот дел да се обработи и за звук.

Чудесен приод и комуникација со колегите.

Одлично презентирање и начин на комуникација.

Ненаметнато, интересно, несекојдневно и убаво.

Сакаме уште примери за примена во праксата.

Може и некои несекојдневни активности.

Зошто нема теми за животните.
Наш коментар: Законот ни забранува да воведуваме во училиште експерименти со животни.

No comments:

Post a Comment