Monday, October 5, 2015

Крај на првиот бран работилници

Заврши првиот бран активности на Работилницата за предметот Природни науки за прво, второ и трето одделение, кој беше главно посветен на материјалот од првото полугодие. Низ работилниците поминаа голем број наставници. За жал, со почетокот на учебната година започнаа редовните обврски кон наставата, како на наставниците во основните и средните училишта, така и во високото образование. Поради тоа не можевме да продолжиме со активностите. За жал, останаа уште многу наставници кои сакаа да учествуваат во работата, но поради обврските не успеавме да организираме нови групи.
За нив и сите други заинтересирани ја оставаме можноста да го набават прирачникот од Работилницата. Цената на еден примерок изнесува 250 денари. Износот треба да се уплати на сметката на Друштвото на физичарите:

Назив и седиште на примач: Друштво на физичарите на РМ, Скопје
Број на сметката: 300000001043853
Цел на дознаката: за Прирачник

За да одат работите брзо и да бидат под контрола, добро е да испратите меил со информација за уплатата на . Во рок од 24 часа од појавување на уплатата на сметката, прирачникот ќе ви биде испратен по пошта на адресата која е наведена на уплатницата. Ако адресата на испорака е различна од онаа на уплатницата, тогаш испратете ја точната адреса на испорака на истиот меил:. Поштарината е вклучена во цената. Се разбира, на оние на кои им е полесно да дојдат на Природно-математичкиот факултет, сето тоа можат да го направат и на ПМФ, со претходен договор на меил.

Од денеска па во иднина, на блогов ќе биде поставуван материјалот кој беше презентиран на Работилниците во електронска верзија. Сите тие материјали можете слободно да ги користите за ваша доедукација, како и за активностите со вашите ученици.

Светски ден на учителите

Добриот учител е како свеќа. Се троши себе за да им го осветлува патот на другите.

Од името на обучувачкиот тим на Работилницата, на сите колешки и колеги им го честитам Светскиот ден на учителите.